Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се наоѓа во серија лоши резултати, во последните две кола освои само 1 бод, па поради тоа се случил бурен состанок во тренинг центарот на клубот, јавуваат шпански извори.
Според информациите, најмногу зборувае капитенот Серхио Рамос, Хрватот Лука Модриќ и голгетерот Карим Бензема. Тие им порачале на соиграчите дека е крајно време сериозно да ја разберат позицијата, да го задржат единството и да не изгледаат изгубено на теренот.
Најголема самокритичност покажал левиот бек Марсело кој пред сите признал дека е далеку од идеалната форма.
Говорот на тројцата најбурни на расправата траел околу половина час, информираат шпански медиуми, а на крај завршиле со паролата:
„ Кој не може да гине за клубот, нека си оди“.
По 18 одиграни кола во Примера, Реал Мадрид се наоѓа на петтата позиција на табелата со 30 бодови, 10 помалку од водечката Барселона.