Top Sport

Му дадоа отказ по телефон, а Валверде им прости 12 милиони евра!

Сега веќе екс-тренерот на Барселона, Ернесто Валверде покажа класа при разделбата со каталонскиот клуб.

Иако Управата на Барса отказот му го соопшти по телефон, нешто што наиде на критика од Пеп Гвардиола и Андрес Иниеста, сепак 65-годишниот стручњак не возврати со иста мера. Наместо освета, Валверде покажа каков господин е.

„Мундо Депортиво“ пишува дека на состанокот на кој биле договарани детали околу разделбата, агентот на тренерот, Ињаки Ибањес соопштил дека Валверде се откажува од заработката што требаше да ја земе во Барселона во наредната година ипол.

Неговиот договор беше со важност до летото 2021 година, а според клаузулата, имал право да побара да му бидат исплатени платите до крајот на договорот. Сепак тренерот не сакал да прима висока плата додека седи дома.

Тој се одрекол од околу 12 милиони евра оти минатото лето потпиша нов договор со кој годишната плата му изнесувала 8 милиони евра, плус 2 милиони евра за остварени успеси.

Scroll to Top