Англискиот прволигаш Манчестер Јунајтед вчера му врачи отказ на тренерот Жозе Мурињо по лошиот почеток на сезоната.
„Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа за времето кое го помина во Манчестер Јунајтед и му поакува среќа во понатамошната работа“ порачаа од клубот.
Новинар на „Sky Sport“ го „фати“ Мурињо денеска на улица во близина на неговата куќа во Лондон. На сите прашања кои му ги постави, Португалецот одговори исто: „Знаете каков сум, немам што да кажам!“.
Јунајтед моментно е на 6. место на табелата во Премиер лигата со 26 бода на 17 натпревари.
Мурињо на клупата на „Црвените ѓаволи“ помина две ипол години и за тоа време ја освои титулата во Лига Европа, англискиот Лига куп и титулата во Комјунити шилд.
Погледнете ја изјавата на Мурињо во Лондон:
"I have nothing to say. You know me." ?
Jose Mourinho speaks for the first time since leaving @ManUtd near his home in London.
Follow all the reaction to Jose Mourinho's sacking by @ManUtd as Ole Gunnar Solskjaer replaces him as interim boss here: https://t.co/kouvEuOFMj pic.twitter.com/kv7tx3jdqE
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 19, 2018