Top Sport

Мурињо: Судиите веќе не се судии, ВАР да си го смени името!

Начинот на користење на ВАР системот со месеци е на мета на критики во Премиерлигата, а на листата се придружи и новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо. Португалецот беше бесен на комплетната судиска постава на вчерашниот меч кај Саутемптон што заврши со резултат 1-0 во корист на „светците“.

Мурињо укажа на моментот кога судијата реши да не се консултира со ВАР собара, кога се чинеше дека играчот на Тотенхем, Деле Али е фаулиран во противничкиот шеснаесетник.

„Судиите веќе не се судии. ВАР да си го смени името. Тоа не е видео асистент, тоа е всушност судија. Оние кои се на теренот се асистенти. Најважните одлуки ги носи ВАР. Требаше да се суди пенал, но ВАР не беше користен“ рече Мурињо.

Scroll to Top