Менаџерот на Тотенхем, Португалецот Жозе Мурињо изјави дека ја разбира ситуацијата во која е Кристијан Ерикен, кому на крајот на сезоната му истекува договорот. Затоа, и понатаму се најавува дека тој може да ги напушти Спарси во јануарскиот преоден рок.
Сепак, Мурињо смета на него, па го пушти на терен на мечот против Ливерпул кој Тотенхем го загуби со 1-0. Навивачите незадоволни од играта на Данецот, го „наградија“ со свирежи.
„Некои мечеви просто ги играте подобро, некои полошо. Ако мене ме прашувате, ги знам и причините, не сум идиот. Многу години сум во фудбалот. Свесен сум дека играч во вакви околноси не може да игра на врвно ниво“ – рече Мурињо.
Португалскиот стартег вели дека е согласен со навивачите, Ериксен не покажа се што знае.
Утре Спарси играат против Мидлсборо, во ФА купот.
„Ќе игра, не можам да ви кажам повеќе од тоа. Имаме проблеми со повредени играчи и сите останати мора да се максимално подготвени да помогнат“ – вели Португалецот.