МЗТ Скопје Аеродром започна со иницијативата за намалување на бројот на странски кошаркари во домашните клубови. Предлогот на клубот од „Аеродорм“ е бројката од шестмина странски играчи најпрвин да биде намалена на четворица, а од сезоната 2019/2020 за натпреарите во домашното првенство клубовите да можат да пријават најмногу стројца странски кошакари.
„Лошите резултати на младински селекции како и фактот што сениорската репрезентација спадна на дереџе да игра во најнискиот ранг во натпреварувањата на ФИБА, се дел од причините поради кои МЗТ Скопје Аеродром почна иницијатива за намалување на бројот на странци и тоа од шест на четири, со интенција таа бројка да биде намалена и на три почнувајќи од сезоната 2019/20.
Веруваме дека е крајно време да се редуцира присуството на странски кошаркари во прволигашките клубови, со цел поголема шанса да добијат македонските таленти, кои потоа би нѐ извлекле од калта во која сега се наоѓаме сите.
Ова би бил прв чекор на патот кон рехабилитација на македонската кошарка на клупски и на репрезентативен план, за која сме сведоци дека е далеку од времето кога бевме четврти во Европа односно седми во АБА-лигата.
Првиот чекор секогаш е најтежок, а тоа е да се признае дека постои проблем, поради што како шампиони сме подготвени да го направиме самите. Но, се надеваме дека нашата иницијатива набрзо ќе прерасне во заедничко барање до Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и тоа со концензус на сите оние кои му сакаат добро на овој спорт кај нас. Ова не е само наша борба ниту, пак, сами можеме да извојуваме победа“, се вели во клупското соопштението.
За оваа своја иницијатива МЗТ бара поддршка од сите членови на Собранието на МКФ, пред сѐ од прволигашите и од Здружението на кошаркари, кои најдиректно се засегнати и за кои во клубот веруваат дека ќе го поддржат барањето.
фото: архива topsport