Кошаркарите на МЗТ, во третото коло во Супер лигата, како гости ја совладаа Блокотехна 75:66 (27:21, 16:18, 19:13, 13:14).
Ѓорги Кочов со победа на тешкото гостување во Гевгелија дебитираше на клупата на актуелниот шампион. Победата МЗТ ја извојува без Нешовиќ и Маслинко кои не беа во тимот и беа Дамјан Стојановски кој се повреди во второто полувреме.
Подобрите проценти во шутот за два и три поени и доминацијата во скокот му ја донесоа победата на МЗТ.
Лалиќ со 12 поени беше најефикасен кај победникот, по 11 поестигнаа Соколов, Бојиќ и Крафорд. Соколов и Бојиќ имаа и по девет скока, а Крофорд девет асистенции.
Блокотехна ја предводеше Главчев со 11 поени, односно Мијатовиќ со 7 поени и 14 скока.
По овој меч Блокотехна и МЗТ се израмнија на втората позиција со скор од 18 победи и шест порази.