Top Sport

На повидок голема чистка во Баерн, Перишиќ се враќа во Интер!

Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Иван Перишиќ се чини дека неа долго да се задржи во редовите на Баерн Минхен ако се точни информациите на „Билд“.

Тиражниот германски весник пишува дека Баварците на крајот на сезоната Хрватот ќе го вратат во Милано и нема да го откупат неговиот договор. Перишиќ на „Алијанц Арена“ дојде во моментите додека тренер беше неговиот сонародник Нико Ковач.

Но тој во меѓувреме доби отказ, неговата позиција сега ја наследи Ханс Флик, кај кого Перишиќ е резерва, предност има Кингсли Коман.
„Билд“ пишува дека Баварците не се задоволни од неговиот учинок, на 12 меча во Бундеслига постигна 3 гола и имаше 3 асистенции. Во ЛШ, пак, Перишиќ на 6 меча даде 1 гол надополнет со 3 асистенции.

Во Интер пак се надеваат дека хрватскиот фудбалер ќе успее да направи нов трансфер за да можат нешто да заработат на него, затоа што неговиот договор со клубот од Милано истекува летото 2022 година.

Моментната вредност на играчот е околу 22 милиони евра, што е двојно помалку за разлика од 2017 година.

Хрватот не е единствениот од кого Баерн сака да се ослободи. Баварцитем според пишувањата, не се претерано задоволни ниту од Фелипе Кутињо, па тешко дека ќе го откупат неговиот договор од Барселона.

Подмладувањето на составот започна и тоа од голманската позиција. Ноер е се поблиски од напуштање на Минхен откако Баварците го ангажираа младиот Александер Нибел од Шалке.

Се шпекулира и со заминување на Џером Боатенг, Хави Мартинез и Тиаго, а „Билд“ го споенува и Давид Алаба.

Scroll to Top