Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради повреда го откажа настапот на Мастерсот во Шангај овој месец, потврдија од АТП.
Вториот светски играч во моментов нема да оди во Кина поради повреда со повреда на раката и затоа се уште нема да може да го загрози првото место на Ѓоковиќ на АТП листата.
Надал, кој е двоен финалист на Мастерсот во Шангај од серијата 1.000 ниту минатата година не настапи во истиот град.
Шпанецот планира на теренот да се врати на Мастерсот во Париз од 26 октомври до 3 ноември.