Top Sport

Наинголан му донесе победа на Интер на „Меаца“ против Сампдорија (видео)

Милански Интер славеше победа во Серија А, совладана е екипата на Сампдорија со резултат 2-1.

Повторно пулените на тренерот Спалети се мачеа пред противничкиот гол, а овојпат како и во мечот од ЛЕ беа без услугите на Марио Икарди, тој остана на клупата за резерви.

Резултатот го отвори Данило Д’Амброзио во 73. минута. Сепак радоста на нероазурите траеше само три минути, откако Габиадини израмни на 1-1.

За победа и нови три бода во трката за место во квалификациите за ЛШ се погрижи Наинголан кој со удар по земја донесе водство од 2-1.

Со новата победа Интер останува на третата позиција на табелата, пред Милан од кого има 4 бода повеќе. Сампдорија е на средината на табелата со 33 бода.

Scroll to Top