Нова фудбалска декада е зад нас, време да се направи споредба по категории.
Пописот на најдобри асистенти во петте најсилни лиги во Европа (Франција, Италија, Германија, Шпанија и Англија) во последните 10 години го предводи аргентинскиот ас, Лионел Меси. Меси за овие изминати 10 години 136-пати асистираше за погодок, во дресот на Барселона.
Втор на оваа листа е Анхел Ди Марија кој собра 108 асистенции. Овој учинок Аргентинецот го направи играјќи за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Трет на престижната листа е Месут Озил кој има само 2 асистенции помалку од Ди Марија – 106.
Веднаш зад него, со 103 асистенции е асот на Баерн Минхен, Томас Милер.
Топ 5 листата ја затвора Португалецот Кристијано Роналдо. Тој изминативе 10 години играјќи за Реал Мадрид и Јувентус стигна до бројка 95 асистенции, дури 41 помалку од ривалот Меси.
Само една асистенција помалку од Роналдо имаше Давид Силва, а на седмата и осмата позиција се најдоа Димитри Паје и Кевин де Брујне со по 93 паметни додавања за погодок.
Последните две позиции од најдобрата 10-ка се за Луис Суарез (90), односно Цеск Фабрегас со 89 асистенции.