Во 16. коло на регионалната АБА лига вљубениците во кошарката имаа ролеркостер емоции.
Некои клубови се радуваа, некои тагуваа, а навивачите уживаа во потезите.
На петото место на топ 5 листата со најдобрите потези на колото во АБА се најде забивањето на Бориш Шиманиќ од Црвена Звезда.
Четврта на листата се најде акцијата на двајцата членови на Морнар од Бар, Волер и Мичовиќ.
Третата позиција оди за атрактивниот потег на членот на Партизан, Банџ Сија.
На втората позиција е членот на Цедевита, Елгин Кук кој украде топка на мечот со Будуќност, по што во соло акција заби во обрачот.
Првата позиција оди за тандемот на Звезда – Мохамед Фаје и Џо Регланд.
Погледнете и уживајте во најдоброто во моментов на Јадранот: