Top Sport

Најпосле Реал Мадрид стигна до победа, настрада Фенербахче на Ауди куп

Мадридски Реал најпосле успеа да слави победа во меч од подготвителниот период. „Кралевите“ славеа победа со 5-3 против Фенербахче во рамки на Ауди купот што се игра во Минхен.

Французинот Карим Бензема е најзаслужен за триумфот на Реал затоа што тој постигна „хет-трик“.

Фенербахче го отвори резултатот со голот на Родригез. Со двата гола на мадриѓаните Реал стигна до 2-1. На 2-2 израмни Набил Дирар и тоа беше резултатот на полувремето.

Во 53-та минута пак Бензема носи предност со својот трет гол. Туфан постигна гол за Фенербахче за повторно израмнување, 3-3.

Сепак, „кралевите“ притиснаа во финишот па со головите на Начо и Маријано ги поставија конечните 5:3.

Scroll to Top