Top Sport

Федерер им е љубоморен на Пит Сампрас и на Род Лејвер

Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер откри долгочувана тајна, а таа очигледно го мачи подолго време. Во текот на едно интервју Швајцарецот зборуваше за легендите на белиот спорт, Пит Сампрас и Род Лејвер.

„Сакам кога ќе го видам Род Лејвер овде, му благодарам што дојде да гледа тенис. Сакам да се заблагодарам во име на сите тенисери, секогаш е големо задоволството кога легенда доаѓа да ја гледа сегашната генерација. Тој и Сампрас секогаш имаа подобри прекари од мене, тоа е работата на која сум и најмногу љубоморен“ – рече Федерер.

Швајцарскиот тенисер откри дека „Нивните прекари беа „Ракета“ и „Пиштол“. Немам ништо од тоа, и понатаму морам уште многу да работам“.

Scroll to Top