Top Sport

Нани му парира на Роналдо – со стомачните мускули (фото)

Потугалскиот фудбалер Нани со години настапува во МЛС лигата во САД, за тимот на Орландо Сити, а со последната фотографија објавена на Инстаграм ги воодушеви фановите.

Се работи за одличните стомачни мускули, со кои му парира на сонародникот, Кристијано Роналдо.

Крилниот напаѓач со години ги воодушевува навивачите на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Валенсија, Лацио, а иако веќе подолго време не е во некој од најсилните фудбалски клубови, сепак тренинзите ги сфаќа многу сериозно.

Нани во досегашната сезона одигра 13 меча за Орландо, а постигна 8 гола.

Португалецот во 2006 дебитираше за националната селекција и за вкупно 112 настапи постигна 23 гола.

Долги години е пријател со Роналдо, а сега се чини го достигна со извајаното тело.

Scroll to Top