Top Sport

Наполи ја среди Перуџа во Купот, Елмас одигра 90 минути (видео)

Калчолигашот Наполи, предводен од македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас оствари рутинска победа во Купот на Италија. Наполитанците денеска со 2-0 славеа победа против екипата на Перуџа која сезонава се натпреварува во Серија Б.

По подолго време, нашиот Елмас ја доби довербата на тренерот Џенаро Гатузо и ги одигра сите 90 минути.

Интересно е тоа што во првите 45 минути, судијата Масини покажа дури 3 пенали, два за Наполи и еден за Перуџа.

Првиот беше во 26 минута. Успешен од белата точка беше Инсиње за 1-0.

Во 38 минута повторно пенал за Наполи. Повторно Инсиње беше прецизен за 2-0.

Гостите имаа можност да ја намалат предноста на домаќините уште во првиот дел, но неуспешен реализатор за најстрогата казна беше Имело. Голманот на Наполи го скроти неговиот удар.

Во вториот дел, темпото се намали, па победата не беше доведена во прашање.

Во наредната фаза од италијанскиот Куп Наполи ќе игра против подобриот од дуелот Лацио-Кремонезе
https://youtube.com/watch?v=Ica3dMGN7Io

Scroll to Top