Top Sport

Навивачи и фудбалери за еден ден собраа 180.000 евра за да продолжи потрагата по Сала

Фудбалската агенција „Sport Cover“ чиј клиент беше и исчезнатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала (29), чиј авион „пајпер“, заедно со 59-годишниот пилот исчезна на пат од Франција кон Англија ја покрена кампањата „GoFundMe“ на која веднаш се приклучија голем број навивачи и фудбалери.

Меѓу првите на кампањата се приклучија Нголо Канте, Илкај Гундоган, тренерот на Нант, Вахид Халилхоџиќ, играчот на ПСЖ, Адриен Рабиот, Корентин Толисо од Баерн и многу други.

Молби за да продолжи потрагата по фудбалерот и пилотот пристигнаа и од Лионел Меси, Диего Марадона, Серхио Агуеро.
За само еден ден од кампањата беа собрани преку 180.000 евра, а за да се започне со приватна потрага по исчезнатиот авион наведена е цифра од 300.000 евра.

Петиција за продолжување на потрагата се појави во Франција, а за краток рок на неа се потпишале 30.000 луѓе.

Scroll to Top