Прославениот чешки фудбалер кој сега е потпретседател на торински Јувентус, Павел Недвед бил причината за отказот на тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри, објави италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
Според пишувањата, Недвед поставил ултиматум до претседателот на клубот, Ањели: „Или јас или тој!“
Ањели се одлучил да му се заблагодари на трофејниот тренер покажувајќи голема почит кон Недвед.
Италијанските медиуми информираат дека наводно конфликтот меѓу тренерот и потпретседателот бил поради политиката на клубот во врска со трансферите на играчите.
По пет успешни сезони Алегри си оди од Торино, а интересно свој предлог за испразнетото место на клупата на Јуве има првата ѕвезда во клубот, Кристијано Роналдо.
Португалецот смета дека идеално решение за кормилар на „Старата дама“ е Италијанецот Карло Анчелоти.
Засега не е обелоденето новото име на тренерот на Јувентус кој е старо-нов шампион на Италија.