Top Sport

Нејмар е подготвен да го продолжи договорот со ПСЖ

Според најновите информации од Париз, Бразилецот Нејмар (27) е подготвен да потпише нов двеипол годишен договор со „светците“, но дури кога ќе се види каков ќе биде учинокот на тимот во ЛШ сезонава. ПСЖ во осминафиналето на ЛШ го очекува двомеч со Борусија Дортмунд.

По се изгледа односите на релација фудбалер-Управа се израмнети. Тие се влошија летоска кога Бразилецот беше на праготт да се врати во Барселона. Сепак несогласувањата се решени, Нејмар е во одлична форма и среќен е на „Паркот на принцовте“.

Во статистиката за 2019/2020 моментно има 12 гола и 7 асистенции на 14 одиграни натпревари, а го прави убоит нападот заедно со Килијан Мбапе и Мауро Икарди.

Најмер се уште официјално е најскапиот светски фудбалер на сите времиња. Тој во 2017 од Барса во ПСЖ прејде за сума од 222 милиони евра.

Scroll to Top