Напаѓачот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар изјави дек во иднина би сакал да игра во иста екипа со белгискиот фудбалски ас, Еден Азар кој моментно е дел од тимот на Челси.
„Сакам да играм со Азар, тој е посебен фудбалер. Игра слично како и јас. Мислам дека на противниците би им задавале многу проблеми“ – изјавил Нејмар за бразилските медиуми.
Одреден период се шпекулира дека Белгиецот ќе премине во редовите на Реал Мадрид, а минатиот месец шпанските медиуми ја пренесоа веста дека договорот е веќе постигнат.
Од друга страна 27-годишниот Бразилец беше поврзуван со Реал, а неговиот сонародник Ривалдо му порача дека за него е најдобро да се врати во Шпанија, па дури и тоа да е Кралскиот клуб.
Нејмар од Барселона во ПСЖ прејде во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.
По вторпат ја освои Лига 1, но Лигата на шампиони и оваа сезона остана само сон.