Top Sport

Томас Милер ја раситни 100-ката во дресот на „панцерите“

Напаѓачот на минхенски Баерн, Томас Милер стигна до убав јубилеј, 100 настапи во дресот на германската фудбалска репрезентација. Тој е 11-тиот играч кој настапил на најмалку 100 средби за „панцерите“.

Во 66. минута на синоќешниот дуел на Германија против Холандија од Лигата на нации, Милер влезе во игра на местото од Серж Гнабри.

Искусниот фудбалер во клубот „100“ им се придужи на легендите на германскиот фудбал Бекенбауер, Клинсман, Клозе, Подолски, Матеус и други.

Милер во репрезентативниот дрес досега има 38 погодоци и 36 асистенции.

Scroll to Top