Top Sport

Нексе го совлада демотивираниот Вардар со 24-21 во СЕХА лигата

Скопски Вардар е поразен од Нексе во Нашице во натпревар од 17. Коло од СЕХА лигата со резултат 24-21.

Во дуелот меѓу прво и третопласираните екипи на табелата, кои заедно со ППД Загреб веќе имаат обезбедено настап на завршниот фајнал-фор турнир повеќе мотиви за победа имаа домашните ракометари.

Најдобар поединец кај домаќините беше довчерашниот „бомбардер“ на Металург, Халил Јагањац со 6 гола, а огромна заслуга за победата на Нексе има голманот Морено Цар кој имаше 16 интервенции, од кои 11 во второто полувреме кое домашните го добија со 13-7.

Кај Вардар Поповски, Мораеш, Чупиќ, Дибиров и Војводиќ дадоа по 3 гола.

Загреб вчера загуби кај Мешков Брест со 31-26, па Белорусите се четвртиот претставник на завршниот турнир кој ќе се одржи токму во нивната сала. Единствената дилема е кој против кого во полуфиналето.

Scroll to Top