Top Sport

Симеоне: Ќе барам да се укине правилото „гол на гости“

Атлетико првиот меч против Ливерпул го играше на „Ванда Метрополитано“, славеше на тој дуел со 1-0, па синоќа при водство на Ливерпул со 2-0, во првото продолжение (94 минута), „јорганџиите“ погодија за 2-1 и мечот доби сосема поинаков тек.

Тој резултат не му одговараше на Ливерпул поради загубата (1-0) од мечот во Мадрид, па тргна со сите сили по трет погодок. Сепак, до крајот нивниот голман уште двапати ја вадеше топката од мрежата.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне порача дека правилото „гол на гости“ не е фер и треба да се промени.

„Она што ќе ви го кажам, ќе го изнесам и на наредниот состанок на тренерите во УЕФА. Сметам дека ова правило не е фер. Вечерва не е фер што имавме 30 минути плус да постигнеме голови на „Енфилд“, додека Ливерпул не ја имаше истата можност во Мадрид. Тоа што ова правило не фаворизираше вечерва, не значи дека на некој друг меч ќе се сврти против нас“ – рече Симеоне.

Со години наназад се водат полемики дали да се укине ова правило.

Правилото „гол на гости“ е воведено во Купот на победниците на купови во сезоната 1965/66, со намера да ги охрабри тимовите да играат понапаѓачки и кога играат на гостински терен.

Scroll to Top