Избран е тимот на последното 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а тој изгледа многу поразлично од оној што сме навикнале да го гледаме.
Во него не се најде ниту еден играч од големите клубови како Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Јунајтед или ПСЖ.
Од најзвучните имиња на фудбалските колективи на Стариот континент има место само за Баерн Минхен и Манчестер Сити, а остатокот фудбалери во идеалниот тим на колото доаѓаат од клубови како што се Плзен, ЦСКА или Јанг Бојс.
Од ЦСКА Москва во тимот на колото се најдоа Акифеев, Шеников и Сигурдсон, од Бенфика претставник е Грималдо, а од Борусија Дортмунд – Гереиро.
Меѓу најдобрите 11 имаше место и за играчот на Валенсија, Солер, за фудбалерот на Плзен, Коварик, за напаѓачот на Манчестер Сити, Лирој Сане.
Во поставата се најдоа и фудбалерот на Јанг Бојс, Хорау, на Баерн Минхен, Левандовски и на холандски Ајакс, Тадиќ.