Необично, симптоматично или во најмала рака чудно – секоја година во првата половина на март Нејмар не игра фудбал. Бразилецот е сега повреден, му настрада коска, па ќе биде надвор од терените најмалку 5 недели.
Интересното е тоа што ова е петта година по ред како сјајниот бразилски фидбалер во време кога неговата сестра Рафаела слави роденден, тој не е на располагање на теренот.
Три сезони по ред во овој период тој е повреден, а две пред тоа бил суспендиран.
Најверојатно луѓето во ПСЖ знаат, како претходно и оние во Барселона дека Нејмар не смее да ја пропушти журката на сестра му која ќе слави роденден на 11 март.
Neymar will now miss a game around March 11th (his sister’s birthday) for 5 straight years:
❌ 14/15: Suspended
❌ 15/16: Suspended
❌ 16/17: Injury
❌ 17/18: Injury
❌ 18/19: Injury pic.twitter.com/i6U6SZUw8i— Transfer Talk (@EPLBible) January 30, 2019