На фудбалската репрезентација на Македонија во понеделник во Скопје, по синоќешниот планиран триумф против Лихтенштајн, и преостанува уште натпреварот против аутсајдерот Гибралтар за да визира полуфинале во Лигата на нации.
Поради жолти каротини, на тој натпревар нема да може да настапи нашиот најдобар фудбалер, капитенот Горан Пандев.
Голгетерот Илија Несторовски синоќа даде ветување дека Гибралтар ќе падне во чест на Пандев.
-Многу сме блиску до првата позиција. Сега не очекува дуел со Гибралтар. Со Лихтенштајн беше тешко се додека не ги „отворивме“. Победата е заслужена, знаеме дека со триумф на следниот меч ќе бидеме први на табелата и домаќини во полуфиналето на Лигата на нации. Ќе бидеме ослабени затоа што нема да игра капитенот Пандев, секогаш без него е потешко, меѓутоа се надевам дека ќе победиме во негова чест – порача Нестор-гол.