Италијанскиот шампион Јувентус без поголеми проблеми попладнево славеше триумф против екипата на Удинезе со 3-1
Кристијано Роналдо беше стрелец на првиот гол за „Старата дама“ уште во 9 минута по една одбиена топка. Португалецот прецизно стрелеше и при вториот гол на Јува, овојпат на асистенција на Гонзало Игуаин.
Уште во првиот дел домаќините речиси ја завршија работата. За 3-0 стрелаше дефанзивецот Бонучи погоди за предност од 3-0 на Јувентус.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски влезе во игра кај гостите во 87 минута, па се што успеа да направи беше асистенцијата за почесен гол за Удинезе за конечни 3-1.
Екипата на Милан не успеа да го искористи домашниот „Сан Сиро“, па со непопуларните 0-0 го заврши мечот со Сасуоло.
Болоња, пак забележа важна победа против изненадувањето во ЛШ, екипата на Аталанта со 2-1.