Top Sport

Волфсбург ја тресна Борусија, се радува Лајпциг (видео)

Бундеслигата по 15 кола има нов лидер на табелата. Тоа е екипата на Лајпциг која вчера триумфираше против Диселдорф (3-0), откако попладнево Борусија Менхенгладбах доживеа пораз со примен гол во судиското надополнување, на гостувањето кај Волфсбург.

Домаќините го отворија резултатот во 13 минута. Стрелец на погодкот за 1-0 беше Шлагер.

По само две минути игра, Борусија Менхенгладбах израмни на 1-1. Одличен гол со волеј удар за Емболо.

Домашните имаа повеќе од играта во вториот дел, но не успеваа да го најдат патот на топката до противничката мрежа.

Сепак, среќата им се насмевна во 91 минута. Лоша реакција на одбраната на Борусија, топката доаѓа до нозете на Арнолд, а тој со прецизен удар носи големо славје на трибините.

Борусија сега е втора на табелата со 2 бода помалку од Лајпциг и 2 бода повеќе од третопласираната Борусија Дортмунд.

Scroll to Top