Top Sport

Невиден спектакл на Лука Јовиќ – им даде пет гола на несреќниците од Диселдорф (видео)

Првиот меч од осмото коло на Бундеслигата донесе неверојатен резултат, откако Ајнтрахт Франкфурт го „здроби“ тимот на Фортуна Диселдорф со 7:1, благодарение на неверојатните пет гола на српскиот напаѓач Лука Јовиќ.

Фортуна е нов прволигаш во Германија и е „закован“ на дното на Бундеслигата, меѓутоа никој не очекуваше ваква катастрофа на „Комерцбанк-арената“.

Во главна улога беше 20-годишниот српски напаѓач Јовиќ, кој во Франкфурт го донесе поранешниот тренер Нико Ковач како позајмен фудбалер од Бенфика во јуни 2017 година. Посебно импресивен беше неговиот прв гол во 22. минута со кој Ајнтрахт поведе со 2:0 и кој дефинитивно оваа година мора да биде во изборот за „Пушкаш наградата“ за најдобар гол.

Но, ова беше само почеток од Јовиќ. До крајот на полувремето тој постигна уште еден гол, за во второто да додаде три за неверојатна победа над аутсајдерот.

Scroll to Top