Јапонскиот тенисер, Кеи Нишикори го опиша однесувањето на швајцарскиот колега Роџер Федерер на тренинзите, а потоа и на мечевите.
„На тренинзите тој е многу опуштен дури и неспоредливо со тоа кога треба да одигра меч, додека останатите тенисери во најголем дел даваат по 100% на тренинзите. На мечевите е потполно поинаков“ – вели Нишикори за Швајцарецот.
Јапонецот оваа сезона употрени нова тактика во подготовката за мечевите.
„До скоро ги гледав само мечевите во кои победував за да си ја подигнам самодовербата, но од неодамна почнав да ги гледам и мечевите на кои губев за да знам што сум направил погрешно“ – вели Нишикори.
Јапонскиот тенисер моментно се опоравува од повредата, па се сомнева дека ќе биде подготвен за настап на турнирите во Виена и Париз.
„Се уште не сум почнал со тренинзи и не знам како ќе се чувствувам кога првпат ќе го удрам топчето“ – вели тој.