Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура и понатаму активно игра фудбал, а годинава ќе наполни 53 години. Тој потпиша нов договор со екипата на Јокохама со која ќе се натпреварува во првата јапонска „Џеј“ лига.
Миура идниот месец ќе наполни 53 години, но тоа не го спречува се уште да ги трее противничките мрежи. Кариерата ја зaпочнал во далечната 1986 години.
„Потпишав нов договор и ќе сторам се што моѓам да му помогнам на мојот тим“ – рече Миура.
Јокохама новата сезона ќе ја отвори на 23 февруари против Висел Кобе, екипата каде настапува Андрес Иниеста.
За селекцијата на Јапонија Миура има 89 настапи, последниот пред цели 20 години.
Роден е во истиот месец кога и легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо, само што тој кариерата ја заврши уште во 2004 година.
Миура уште во 2017 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар фудбалер кој постигнал гол во професионален фудбал.