Минхенски Баерн по минатонеделниот домашен пораз од Баер, денеска е поразен и на гостувањето во Менхенгладбах, од екипата на Борусија со 2-1.
По 0-0 по првото полувреме, Баварците уште на почетокот на вториот дел дојдоа до предност. Стрелец за 0-1 беше хрватскиот интернационалец, Иван Перишиќ.
Сепак, домаќините кои се и лидери на табелата во Бундеслигата не се предадоа. Најпрво во 60 минута Рами Бенсебаини на асистенција на Хофман погоди за 1-1, а неговиот втор гол го постигна во 92 минута, од белата точка.
„Милионерите“ од Дортмунд пукнаа петарда, 5-0, против Фортуна Дизелдорф.
По двапати во листата на стрелците се запишаа Марко Ројс и Џејдон Санчо, а еден погодок беше дело на Торган Азар.
Сигурна победа забележа и моментно второпласираната екипа во Бундеслигата, Лајпциг. „Биковите“ немаа многу проблеми на домашен терен со Хофенхајм, забележаа победа од 3-1.
Најдобриот стрелец на Лајпциг, репрезентативецот на Германија Тимо Вернер постигна два гола за својата екипа, а во листата на стрелци се запиша и Сабитцер.
Гол за гостите за ублажување на поразот постигна Бичакчиќ.
На останатите две средби од денешната попладневна програма, Аугсбург со 2-1 славеше против Мајнц, а Фрајбург со 1-0 го победи Волфсбург.