Top Sport

Новицки: Младите кошаркари се тепаат за лајкови, а не за победи

Легендарниот германски кошаркарски интернационалец во НБА тимот на Далас Маверикс, Дирк Новицки кој ја игра последната сезона во пребогатата кариера ги критикуваше младите кошркари за кои смета дека многу време и енергија трошат на телефоните и на друштвените мрежи.

Германецот истакна дека победничкиот дух се намалува токму поради „оптеретувањето“ со профилот кој го имаат и за кој се грижат.

„Не знам дали е толку битно победувањето или добро да се изгледа на друштвените мрежи. На Инстаграм, Твитер имате следачи, кликови, лајкови…“ – вели Новицки.

За разлика од времето во кое тој беше во полна сила кога друштвените мрежи не беа популарни како сега, тој сега мора да ја дели соблекувалната со 15 кошаркари оптеретени со лајкови.

Scroll to Top