Top Sport

Валенсија поуспешна во голеадата со Џирона, Торес во финишот донесе 3 бода (видео)

Валенсија славеше значајна победа во 27. коло на Примера, нагости кај Џирона со 2-3. Со тешко освоените 3 бода „лилјаците“ се вклучија во игра за последното место на табелата кое носи квалификации за ЛШ, а кое сега му припаѓа на Хетафе.

Гонзало Гуедеш во 14. минута носи предност од 0-1 за Валенсија. Џирона во 22. минута преку Рамаљо израмни на 1-1.

Во вториот дел гостите повторно поведоа. Дани Парехо во 53 минута носи предност д 1-2. Кристијан Стуани погоди од пенал за 2-2.

Кога сите очекуваа реми, Феран Торес со гол 90 минута стави точка на мечот за нова победа на Валенсија.

Scroll to Top