Германскиот тенисер, Александер Зверев за 85 минути игра, вечерва на Мастерс турнирот во Лондон триумфираше над првиот светски тениски рекет, Шпанецот Рафаел Надал со 2-0, или по сетови 6-2 и 6-4.
До пред почетокот на турнирот настапот на Надал беше под знак прашалник поради повредата, но сепак Шпанецот се појави на дуелот против бранителот на титулата на АТП финалето во Лондон од минатата година.
Надал вечерва го доживеа првиот пораз по цели четири месеци. Од друга страна за младиот германски тенисер, вечерашнава е воопшто прва победа во дуелите со Надал.
Зверев доминираше во мечот, не му дозволи ниту една брејк можност на Надал, брзо и лесно играше и на крајот заслужено се радуваше на првата победа во групата А на турнирот.
Претходно, попладнево во истата група, Циципас со 2-0 славеше изненадувачка победа против рускиот тенисер Медведев.