Се појави информација за фудбалски облог во Романија за кој зборува цела Европа.
Тренерот Јонут Чирила (53) му понудил на сопственикот на романски ФКСБ (екс-Стеауа), контроверзниот Џиџи Бекали да го стави за прв тренер на тимот. Притоа Чирила му ветил дека сигурно ќе ја освои титулата во романското првенство. Доколку тоа не се случи, тренерот понудил да му исплати на милионерот сума од 500.000 евра.
ФКСБ сезоната ја заврши како втор, зад старо-новиот шампион Клуж.
Бекали се уште не се изјаснил за понудата, а за домашните медиуми изјавил „Едвај чеам да ангажирам тренер на кој нема да морам да му го составувам тимот“.
Тоа значи дека деновите на привремениот тренер на ФКСБ му се избројани.