Top Sport

Охриѓанецот Чеди Осман најдобар за Турција против Франција

Кошаркарската репрезентација на Турција ја победи Франција со 74-69 на подготвителен натпревар за претстојниот Мундобаскет во Кина.

Без искусните Ерсан Илјасова и Скоти Вилбекин, турската селекција успеа да стигне до победата благодарение на одличната игра на охриѓанецот, Чеди Осман кој постигна 19 поени надополнети со 9 скокови. Во чекот го следеше соиграчот Фуркан Коркмаз со 15, а двоцифрен беше и Мелих Махмутоглу со 10 поени.

„Триколорите“ настапија без Нандо де Коло, па најефикасен во селекцијата беше Адриен Морман со 12 поени, а Еван Фурние придодаде 10 поени.

Scroll to Top