Top Sport

Опериран е Диего Марадона, имал крварење во стомакот

Фудбалската легенда, Аргентинецот Диего Армандо Марадона (58) завршил на операција откако имал крварење во стомакот, информираат негови блиски за аргентинските медиуми. Според информациите, тој моментно закрепнува во болница во Буенос Аирес.

Марадона бил хоспитализиран на почетокот на месецов кога му било дијагностицирано крварењето, но сепак најверојатно не се работи за комплицирана интервенција.

„Хируршката интервенција на Диего Марадона е завршена. Слава на Бога, сè помина совршено“ – напишал на Твитер адвокатот на Марадона, Матијас Марола.

Последен пат сериозно нарушување на здравјето Марадона имаше за време на Светското првенство во Русија лани, по натпреварот Аргентина-Нигерија.

Scroll to Top