Првата тенисерка на ВТА листата, Јапонката Наоми Осака денеска со пресврт славеше победа против Белорусинката Викторија Азаренка.
Откако Осака првиот сет го загуби со 4-6, наредните два ги доби со 7-5 и 6-3 и се избори за пласман во следното коло на Ролан Гарос каде ја чека дуел со чешката тенисерка Катерина Синиакова која, пак беше поуспешна и ја совлада со 2-1 грчката тенисерка Сакари.
Попладнево Серена Вилијамс, која моментно е 10-та на ВТА листата без проблеми со 2-0 (6-3 6-2) за 68 минути игра се справи со Јапонката Нара.
Во следното коло во Париз Серена ќе се сретне со сонародничката Кенин, кој без борба се пласираше понатаму откако Канаѓаанката Андреску и го предаде мечот.
Во останатите резултати на женскиот турнир во Приз беа постигнати следните резултати:
Александрова – Стошур 2-1
Болсова – Кирстеа 2-0
Свиатек – Ванг 2-0
Колинс – Барти 0-2
Бегу – Мучова 2-1
Бенчич – Зигмунд 2-1
Кси – Петковиќ 1-2
Касаткина – Пуиг 0-2
Гарсија – Блинкова 1-2