Top Sport

Рамос на прес-конференција потврди: Останувам во Реал, јас сум „мадридиста“!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изминатите неколку дена беше главна спортска тема во Шпанија. Тамошните медиуми на големо најавуваа дека тој го напушта клубот, па затоа фудбалерот денеска свика прес-конференција и обелодени каква е неговата иднина.

„Останувам во Реал, јас сум „мадридиста“ – порача дефанзивецот.

Рамос потврди на пресот дека никогаш немал проблеми со клубот.

„Останувам во Реал, ова е мој клуб и овде сакам да ја завршам кариерата, а кога ќе си одам, сакам да заминам како победник. Никогаш не сум бил во кавга ниту со претседателот, нашиот однос е како татко и син“ – вели Рамос.

Тој спомена дека имало и понуда од Кина за негов трансфер.

„Постоеше понуда од Кина и таа би била некоја алтернатива кога овде не би бил пожелен. Мојот план е јасен, исполнување на договорот“ – заврши Шпанецот.

Одбранбениот играч дресот на Реал Мадрид го носи веќе 14 години, а во Мадрид стигна од тимот на Севилја. Досега за „кралевите“ има 606 настапи, а постигна и 84 гола.

Scroll to Top