Top Sport

Осака го освои Австралија Опен, Квитова не можеше до комплетен пресврт против Јапонката (фото)

Јапонската тенисерка Наоми Осака (22) е победничка на Гренд слем турнирот Австралија Опен во женска конкуренција. Јапонката која е четврта светска тенисерка во моментов со резултат 7-6, 5-7 и 6-4 за два ипол часа игра ја совлада шестата носителка на турнирот, Петра Квитова (29) од Чешка.

Во првиот сет кој траеше 53 минути двете тенисерки беа сигурни на свој сервис, па сетот беше решен во тај брејк. Поуспешна беше Јапонката за почетно водство од 1-0, но и за психолошка предност пред Квитова за која ова беше прво големо финале по 2014 година.

epa07321109 Naomi Osaka of Japan reacts after winning her women’s singles final match against Petra Kvitova of Czech Republic at the Australian Open Grand Slam tennis tournament in Melbourne, Australia, 26 January 2019. EPA-EFE/RITCHIE TONGO

Во вториот сет, Осака прва загуби свој сервис, во вториот гем, но Квитова потоа двапати беше несигурна, со што Јапонката стигна до можност при 5-4 во гемови да сервира за триумф на турнирот. Сепак, кога се очекуваше дека Квитова нема сила за нешто повеќе, чешката тенисерка направи брејк и израмни на 5-5 во вториот сет. Потоа следуваше освоен сервис и неочекува брејк, по што Квитова израмни на 1-1 во сетови добивајќи го вториот сет со 5-7 за вкупно 56 минути игра.

Во третиот одлучувачки сет чешката тенисерка влезе со психолошка предност. Сепак во третиот гем Јапонката и направи брејк, предност што знаеше да ја зачува до крајот за финални 6-4. Со овој подвиг, Осака се искачи на првото место на ВТА листата.

epa07321091 Naomi Osaka of Japan reacts after winning her women’s singles final match against Petra Kvitova of Czech Republic at the Australian Open Grand Slam tennis tournament in Melbourne, Australia, 26 January 2019. EPA-EFE/LYNN BO BO

Осака по вторпат едноподруго играше финале на тениски гранслем-турнир по триумфот во Њујорк, лани во септември. Таа е првата тенисерка што се пласираше во финале на гранслем-турнир веднаш по првата титула.

Квитова која е двократната шампионка на Вимблдон во 2011 и 2014 година имаше враќање во светот на тенисот по незгодата кога беше нападната и прободена со нож при грабеж на нејзиниот дом во Чешка, во декември 2016 година.

Scroll to Top