Top Sport

По Гасол не размислува за пензија, и на 39 години ќе игра за Шпанија на СП (видео)

Иконата на европската кошарка, шпанскиот репрезентативец, По Гасол иако има 39 години не размислува за спортска пензија. Тој потврди дека доколку е здрав, ова лето ќе настапи на Светското првенство.

„Ако бидам здрав, цел ми е да играм на Светското првенство со Шпанија. Сакам да одиграм добар турнир и оттаму да се пласираме на Олимписки игри и да продолжиме со успесите со репрезентацијата“ – вели Гасол за „Трандбаскет“.

Кошаркарот кој е член на Сан Антонио Спарс во НБА лигата има зад себе три европски злата, придодавајќи две сребра со „фуријата“ и бронза на Олимписките игри.

Светското првенство во Кина започнува на 31 август и ќе трае до 15 септември годинава.

Scroll to Top