Младиот Кристофер Чен, 15-годишен пингпонгар од Трондхајм, Норвешка, по потекло од Кина преку ноќ стана голема ѕвезда на друштвените мрежи со потегот кој го направи на пинг-понг натпревар изминатиот викенд.
Чен во неделата во првенствен меч против 33-години постариот Рони Солвол освои поен откако буквално целиот беше на подот и воопшто не знаеше каде се наоѓа топчето.
Лудиот поен го изведе на воодушевување на сите во салата, по што Солвол со насмевка на лицето мораше да му честита на противникот за потегот.
Погледнете: