Top Sport

Озил му се „додворува“ на Артета: Гладен е за успех, се околу него е позитивно!

Месут Озил инсистира да остане во редовите на Арсенал по тешкиот период поминат додека „топчиите“ ги водеше Унаи Емери. Тогаш не му одговараше стилот на игра на Шпанецот, со многу пресинг.

Германскиот фудбалер напоменува дека сега му е многу подобро откако на клупата на Арсенал е Микел Артета и им се радува на следните предизвици.

„Многу сум задоволен со својот договор кој ќе продолжи и наредната година, овде. Не можам да кажам што ќе донесе иднината, возбуден сум, но не можам да предвидам. Ми беше тешко, посебно со Емери, но сега се се промени, многу сум задоволен од се. Играм и работите одат на добро. Артета врши добра работа, гладен е за успех, се околу него е позитивно“ напоменува Озил.

Сепак, она што е негативно за „топчиите“ сезонава се играта и резултатите. Арсенал е на 10-тата позиција во Премиерлигата со само 6 победи на 22 меча.

Сепак, на последните три меча Арсенал нема пораз, а два од тие меча завршија со нивна победа.

Scroll to Top