Top Sport

Алиоски погоди – Лидс загуби од Милвол (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски денеска во меч од коло во Чемпионшип дивизијата во Англија беше стрелец за Лидс на гостувањето кај Милвол.

Алиоски во 46.минута од мечот го намали резултатот на 2-1 по водството на домашните од 2-0 по првото полувреме.

Сепак Лидс до крајот на мечот не успеа да постигне уште некој гол, па бодовите останаа за домашната екипа.

Лидс беше фаворит на овој дуел, а воедно е и фаворит за едно од местата кои водат во елитната Премиерлига.

Денешниот погодок е трет за Алиоски во 10-те кола во Чемпионшип.
https://youtube.com/watch?v=G0J-ku73kic

Scroll to Top