Top Sport

Пак часовникот „краде“ време, сега Панатинаикос се жали до Евролигата поради 13 секунди

Кошаркарската евролига се соочува со нов проблем со часовниците кои го мерат нападот и четвртините.

Пред неколку недели на литвански Жалгирис му беа „украдени“ 5 секунди на мечот против ЦСКА Москва, а слично нешто се случи и на мечот Панатинаикос – Милано кој го добија гостите од Италија со резултат 83-86.

Челниците на Панатинаикос тврдат дека часовникот „проголтал“13 секунди од нивниот напад на 2 минути пред крајот на мечот. Тие тврдат дека часовнкот од 2:01 наеднаш сменил на 1:48 минути.

Погледнете го секундарникот за напад при „кражбата“ на 5 секунди на мечот ЦСКА-Жалгирис:

Scroll to Top