Top Sport

Се омажи една од најубавите светски тенисерки (фото)

Поранешниот американски кошаркар, Дејвид Ли и екс-првата тенисерка во светот, Каролин Вознијацки стапија во брак по три ипол годишна врска.

Вознијацки моментно е 14. на ВТА листата, додека Ли е пензиониран како НБА шампион во 2015 година со Голден Стејт Вориорс.

Старосватица на свадбата беше тенисерката Серена Вилијамс, а меѓу гостите на свадбата која се одржа во Тоскана, Италија беа и По Гасол, Агњешка Радванкса, Анжелик Кербер.

Ли на својата идна сопруга и подари дијамантски прстен со 8,88 карати, затоа што осмицата е среќен број на тенисерката.

View this post on Instagram

Husband and wife ❤️

A post shared by David Lee (@davidlee) on

Scroll to Top