Грчките медиуми пренесуваат вест дека своевремено деветтиот пик на драфтот во НБА, Амари Стадемаер (37) ќе го засили Панатинаикос. Играчот кој кариерата ја започна во Феникс Санс осум години помина во Аризона, а во првата сезона беше избран за „руки на годината“.
Стадемаер шестпати играше на Ол-стар мечевите, а во 2007 година беше избран во најдобрата петорка во лигата. Во четири наврати беше сместен во втората најдобра постава во НБА.
По Санси, играше и за Никси, Маверикси и за Мајами Хит. Европската авантура ја започна во Израел, во Хапоел Ерусалим.
Првиот дел од сезонава ја помина во кинескиот шампионат.
Сега повторно би можел да се натпреварува во Европа, а првпат би можел да се проба и во Евролигата.
https://www.instagram.com/p/B7VvYbfqZWz/?utm_source=ig_web_button_share_sheet