Српскиот центар Никола Јокиќ беше најзаслужен за победата на Денвер со 110-102 против Оклахома. Тој имаше трипл дабл ефект.
Јокиќ постигна 28 поени, собра 14 скока, а имаше и 12 асистенции за помалку од 35 минути на паркетот.
Голема помош имаше и од Вили Бартон кој мечот го заврши со 18 поени и 6 скока, а Џамал Мареј додаде 14 поени во победата.
Во поразената екипа се истакна Денис Шредер со 22 поени.
Резултати:
Феникс – Сан Антонио 119-121
Торонто – Бруклин 110-102
Чикаго – ЛА Клиперс 109-106
Мемфис – Вашингтон 128 -111
Далас – Мајами 118-122
Милвоки – Кливленд 125-108
Хјустон – Детроит 107-115