Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле ја напушти болницата во Париз.
Легендарниот фудбалер беше хоспитализиран минатата среда поради висока температура која била последица на уринарна инфекција.
„Сакам да се заблагодарам на сите за позитивните мисли и добрите намери. Благодарејќи на сјајната грижа на медицинскиот тим во американската болница во Париз се враќам дома“ – рекол Пеле.
Инаку, пред да ја напушти болницата на посета во болница кај Пеле бил неговиот сонародник Нејмар кој е член на ПСЖ.